Friday, April 18, 2008

НЕ СУМ ЈАС ОНА ШТО ТИ МИСЛИШ ДЕКА СУМ...!



...Не сум јас она што ти мислиш дека сум, јас само што станав од дното и сега учам да живеам нормално... Затоа ме сакаш, зошто не ме познаваш... Ми го знаеш само името и мислиш дека е тоа доволно..., верувај ми на зборовиве, се е ова само завеса... Мојата насмевка нема ни тронка искреност...! Тоа е зошто пробувам да бидам сличен на другите, а само Господ знае како сум различен... Затоа и не е фер да се случи било што, зошто конечно го изградив мојот мал свет, свет кој е единствена смисла на мојот живот... Немој да ми го рушиш сонот...! Само што станав од дното и ги допрев зваздите, само што ме запозна сонцето. Сеуште сум плашлив, сеуште треперам пред залезот на сонцето, зошто знам што носи нокта... Ти мислиш дека туку така можеш да навлезеш во мојот живот, дека сето тоа што го градев можеш да го срушиш и донесеш некои твои правила...! Ти мислиш дека сум јак, дека можам со воздишка да го сопрам ветерот и со мислите да украдам друг подобар... Грешиш...! Додека гледаш во темницата неможеш да го прчиташ моето минато, можеш да видиш само каење што бев со тебе... Го оставив сето тоа позади мене, го заклучив во сефот на секавањата... Ти не го знаеш моето минато, ти не знаеш дека јас некогаш бев заљубен во градот преполн со туги лица, под терет на своите безброј проблеми... Ти не ја знаеш целата приказна..., но верувај ми, не сакам да те мрзам затоа што ти мене можеби сеуште ме сакаш... Едноставно свати, кога би почнал се од почеток, тој почеток би ме убил... Секогаш ти викам да се пронајдеш себе си во други очи кои ке те сакаат онака како што заслужуваш... Јас не сум тој и немој да се правиш дека знаеш се, зошто незнаеш ношто...!

П.С.

НЕ МУ СЕ ПОТСМЕВАЈ НА ОНОЈ КОЈ ЗАРАДИ ЉУБОВТА ЈА ИЗГУБИЛ ГОРДОСТА, ТУКУ НА ОНОЈ КОЈ ЗАРАДИ ГОРДОСТА ЈА ИЗГУБИЛ ЉУБОВТА!

НЕ Е ИСТО, ЧОВЕК ВО ПУСТИНА И ПУСТИНА ВО ЧОВЕК!!!